Изречени се повеќе од 400 глоби од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) по спроведувањето на контролите кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава, соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.
Таа додаде дека апликацијата „МојДДВ“ го покажала и хуманиот аспект во тешкиот период кога државата се соочила со економската и здравствената криза од пандемијата, истакнувајќи дека 5.537 граѓани го донирале својот поврат на ДДВ во здравствениот сектор, во износ од 5,8 милиони денари.