Компанијата „Цилаз Laze DOOEL Skopje“, која долги години постои на македонскиот пазар, е нов застапник на автомобили од италијанската компанија „DR Automobiles Groupe“. Брендот „DR“ е спој од компанијата „City of Auto“ и „DR Sportequipe“ која е позната по изработка на спортски автомобили.
Понудената гама на возила се состои од моделите DR3, DR4 и DR6.
Моделот DR3 е субкомпактен кросовер со 1,5-литарски мотор чија максималната моќ на моторот изнесува 78 kW кои произведуваат 106 КС со максимален вртежен момент од 135 Nm.
DR4 e компактен SUV кој се одликува со пространа кабина и е еден од најголемите во својат класа. Под хаубата има бензински мотор од 1,6-литарски бензински мотор со 115 КС.
Последниот модел кој ја пополнува гамата е DR6 кој претставува врв на оваа линија. DR6 е опремен со 1,5-литарски бензински турбо мотор со моќност од 150 КС и максимален вртежен момент од 205 Nm при 4.000 вртежи во минута.
Сите три модели се со погон на предни тркала и во понудата доаѓаат со целосна опрема. Исто така, како опција за сите три модели се нуди можност за вградување на плински уред за дополнителни 1.000 евра, односно плус 2.000 евра за вградување на метан од цената на понудените модели.
За повеќе информации може да се обратите во салонот на „Цилаз“ или на телефонскиот број 02 244-2451.
www.cilaz.mk
facebook: DR Automobiles Macedonia
instagram: DRAutomobilesMacedonia