Кина за првпат се најде меѓу 20-те најиновативни економии, додека САД паднаа на шесто место, стои во извештајот Глобален индекс за иновации 2018.
На прво место е Швајцарија, а по неа се Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.
САД од минатогодишното четврто место паднаа на шесто, а Кина напредувала од 22 на 17 позиција.
Директорот на Светската организације за интелектуална сопственост (ВИПО) Френсис Гари изјави дека позицијата на Кина претставува напредок за нејзината економија, која брзо се трансформира и им дава приоритет на истражувањата и генијалноста. ВИПО е еден од спонзорите на извештајот.
Индексот на иновациите еднаш годишно го издаваат ВИПО, универзитетот Корнел и деловното училиште ИНСЕАД.