Кина денеска објави против мерки за увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто на 128 одредени производи, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии.
Официјален Пекинг минатиот месец предупреди дека размислува за воведување на царини што предизвика загриженост заради можното избивање на трговска војна меѓу овие две големи светски економии.
Новите кинески царини се однесуваат на различни производи, од овошје до свинско месо.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 22 март најави дека САД ќе воведат нови царини на околу 60 милијарди увезена кинеска стока, што предизвика немир на светските финансиски пазари.