Поради новонастанатата состојба со коронавирусот ковид-19 и грижата за здравјето на клиентите, „Цилаз“ известува за дезинфекциските и хигиенски процедури кои се воведени во неговиот Сервисен центар.
Секое возило при прием се дезинфицира и притоа се користат заштитни материјали при неговото маневрирање.
При посетата на објектот се спроведува дезинфекција на самиот влез, а потоа комуникацијата се одвива бесконтактно со спроведување на дозволената социјална дистанца и користење на заштитни маски и ракавици.
Вработените во „Цилаз“ се опремени со заштитна опрема за заштита на своето здравјто и здравјето на клиентите.
Поради оваа состојба, „Цилаз“ ги нуди возилата „ДР“ по поволни цени и одложено плаќање во акцијата „Земи сега, плати за шест месеци“.
„Цилаз“ им препорачува на клиентите да останат безбедни. Доколку клиентите имаат потреба од услугите на „Цилаз“, а не се во можност да го посетат Сервисниот центар, тие можат да ги контактираат специјалистите на компанијата по телефонски пат на +389 (0)2 2442 451, или по пат на користење на социјалните алатки – електронска пошта ([email protected]), Фејсбук и Инстаграм.