Премиерот Зоран Заев ги прими директорот на музичкиот фестивал „Егзит“, Душан Ковачевиќ и гости од Соединетите Американски Држави, успешните спортисти во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како успешни производители на медицински канабис во САД.
Откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, гостите на средбата истакнаа дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Северна Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност.
Премиерот Заев ги презентираше можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Северна Македонија, а инвеститорите презентираа искуства со најнапредна технологија и знаење кои што веќе ги користат во своите погони за одгледување на оваа билка во САД.
На средбата со директорот на „Егзит“ и со американските бизнисмени стана збор за предизвиците со кои се соочува музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на “Егзит” фестивалски активности и во нашата земја.