Во организација на институцијата DFCCA, компанијата Еуроимпекс учествуваше во хуманитарен настан сочинет од возно дефиле со парола за „Неопходноста за превенција од канцерот на дебелото црево“, кое истовремено се случува низ 100 градови во светот, а низ 13 градови во Македонија.
Возното Дефиле во Скопје се одржа на 06.05.2018 во 11:30h по веќе предвидена рута. Возачите кои беа вкупно 50 на број, меѓу кои Еуроимпекс настапи со Новиот SUV Peugeot 5008 GTi, тргнуваа од ПСС (Зајчев Рид) и возеа до „Ресторан Белви“ а потоа возилата се упатија кон Картинг Центарот близу Арената Борис Трајковски каде официјално започна настанот.
Компанијата Еуроимпекс покрај поддршката во возното дефиле, пружи и одредени сервисни бенифиции за донаторите на овој хуманитарен настан.
Еуроимпекс која е веќе 28 години на пазарот во Македонија како генерален увозник на 11 брендови и генерален увозник за брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, при секоја можност дава своја поддршка кон хуманитарни настани и има опшествено одговорни цели како надвор така и внатре во компанијата за поддршка на својот работен кадар кој во моментот брои 80 лица.