Европските влади одлучија Бугарката Кристалина Георгиева, извршна директорка на Светската банка, да биде нивниот кандидат за нов директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со седиште во Вашингтон, на местото на Французинката Кристин Лагард.
Освен Георгиева, во игра бил и поранешниот холандски министер за финансии, Јерен Дијселблем.
По долгогодишниот неформален аранжман, Европа традиционално кандидира шеф на ММФ, додека американскиот кандидат станува претседател на Светската банка.
Извршниот одбор на ММФ мора да избере замена за Лагард, која е назначена за шефица на Европската централна банка, а нејзината оставка ќе стапи на сила на 12 септември.
ММФ е клучна меѓународна финансиска институција која обезбедува економски совети и финансиска помош за нејзините 189 земји-членки.