Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ) денеска доби 18 возила „дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра, донација од Европската унија(ЕУ).
Поголем дел од возилата, односно 14, се наменети за Платежната агенција, а четири за Министерството, додека компјутерите се за администрацијата.
Според министерот Љупчо Николовски, кој ја прими донацијата, со опремата треба да се зајакнат капацитетите во насока на обезбедување побрзи, поефикасни и побезбедни услуги.
Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека оваа мала поддршка ќе направи секторот да биде многу поефикасен и е дел од претстојната помош во останатите сегменти како наводнување, фитосанитарна заштита, ветеринарни контроли,…
Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски напомена дека возилата се неопходни за спроведување на контролата на терен, а индиректно ќе помогне за подоброо искористување на ИПАРД средствата.