Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто во однос на Одлуката од 12 октомври.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12 октомври.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денари за килограм и сега ќе изнесува 43,01 ден за килограм.
Од 19 октомври, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 68,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,01 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 отсто, кај дизелот за 2,842 отсто, кај екстра лесното масло за 2,853 отсто и кај мазутот за 0,554 отсто.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,164 отсто, информираат од Регулаторна комисија за енергетика.