Руската компанија „Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи својата траса низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.
Како што наведува рускиот весник „Комерсант“, веќе започнале сите подготвителни процедури во тие земји.
Првите испораки на гас во Бугарија и Србија ќе започнат во 2020 година, а во Унгарија рускиот гас ќе стигне една година подоцна, што ќе и овозможи на руската компанија до 2022 година целосно да ја прекине испоракаа на гас преку Украина, пренесува Б92.
„Комерсант“ укажува дека ова е всушност „Јужен тек“ што Европската унија(ЕУ) го стопираше уште во 2014 година под притисок на САД.
Како што се оценува, овој пат ќе биде драстично покомпликувано да се влијае на тоа проектот да биде запрен бидејќи „Гаспром“ во целост ги почитува законите на ЕУ.
Иако Грција исто беше во план да се приклучи на овој гасовод, како што оценува „Комерсант“, сè уште не е јасно како ќе изгледа тоа.
Се претпоставува дека Грција ќе се спои на тој крак преку Бугарија или да го замени азербејџанскиот гас со руски откако ќе биде завршена изградбата на гасоводот ТАП, што исто така е планирано за 2020 година, пренесува Спутник.