Вработените во „Еурокомпозит“ од Прилеп поставија шатори пред Владата, во рамките на протестот со кој бараат конечно решение за фабриката за производство на воена опрема.
Тие порачаа дека нема да се повлечат, барајќи решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси. Вкупно 260 вработени побаруваат 18 заостанати плати и придонеси од 2012 година.
Владата, претходно распиша тендер за избор на меѓународни консултанти, кои треба да изработат анализа за состојбата во фабриката, со цел да се обезбеди продажба на потенцијални инвеститори.