Оваа сабота ќе се одржува петтото издание на општествено одговорниот настан на Стопанска банка АД – Скопје „Вози право, вози здраво“. Затоа, во периодот од 18 до 19 часот, повторно ќе бидат обединети љубителите на тркала на ревијална трка по улиците во центарот на Скопје, со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие чисти транспортни средства.
На ревијалната трка учество ќе земат над 7.000 наши сограѓани кои се регистрирани во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка.
Со цел обезбедување на максимална заштита на учесниците, согласно законските прописи во сабота, на 08.06.2019 од 18 до 19 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје (од Борис Трајковски до Градски парк преку булеварот Илинденска).
Мапата на патеката е дадена во прилог а сообраќајните знаци и претставници на сообраќајната полиција ќе го пренасочуваат сообраќајот согласно изработениот проект.
На сите учесници во сообраќајот им благодариме за разбирањето, поддршката и трпението.