Оваа година започнуваме со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната посета во општина Тетово.
– Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса – изјави Бочварски.
Министерот најави и реконструкција на две локални улици во општина Тетово и рехабилитација на патниот правец Тетово – Џепчиште.