Мерките не треба да бидат само ад-хок, туку системски да се решававаат проблемите, рече виепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „Раде Кончар“.
– Оваа недела ќе треба да пресечеме, која е најдобрата мерка која треба да ја аплицираме – рече Битиќи.
Тој вели дека ако е потребно ќе има нови мерки за граѓаните.
– Што се однесува до ваучерите, тоа беше ад хок мерка направена во време на криза, но притоа морам да повторам дека во сетот на мерки која сега се предвидува. Отпишување на каматите за долговите кон јавните претпријатија, без разлика дали се на локално или национално ниво – рече Битиќи.
Тој вели дека со оглед на тоа што целиот пакет содржи некаде околу дваесетина мерки, ќе дојдат доволно средства до тие кои се најзагрозени.
– Сметам дека да бидеме коректни кон јавноста, никој не е изоставен од мерките и нема да биде изоставен. Секако не треба да заборавиме дека ние како Влада знаејќи дека влегуваме во период во кој се уште ќе се справуваме со ковид, креиравме програми во ресорните министерства и ги дополнивме со финансиски средства. Поддршката на платите не изостанува во петиот пакет на мерки, едноставно различно ги гледаме работите. Ќе има финансиска помош за платите. Со тоа што некој вели дека тоа се неповратни средства најверојатно информациите немаат допрено до сите, треба да се исполнат услови за таа помош да биде неповратна – рече вицепремиерот Битиќи.