„Фејсбук“ ќе ги наградува корисниците што ќе помагаат во тестирањето
„Фејсбук“ има намера да им плаќа на корисниците за снимка на гласот што ќе се користи за „учење“ на системите што ги користат паметните звучници и камери.
Технолошките гиганти како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Амазон“ се најдоа во проблеми минатата година откако беше откриено дека вработените и соработниците вршеле транскрипција на гласовните снимки на корисниците.
Сè беше анонимно, но оваа практика го отвори прашањето за безбедноста и приватноста, бидејќи вработените имале пристап до потенцијално чувствителни снимки, вклучувајќи ги и оние при случајно активирање на паметниот звучник.
За да се избегнат такви проблеми во иднина, „Фејсбук“ одлучи да ги направи работите потранспарентни и да им плати на корисниците за одредени секвенци од говорот.
Новата програма, наречена „Пронансанс“, е дел од апликацијата за истражување на пазарот„Фејсбук вјупоинтс“, што ги наградува корисниците што ќе ѝ помогнат на компанијата во тестирањето и истражувањето.
Корисниците во САД постари од 18 години, кои имаат најмалку 75 пријатели на „Фејсбук“, ги задоволуваат критериумите за учество во програмата.