Намалени емисиите на штетни гасови
Помалата потрошувачката на јаглен во САД и во Европа ја забави глобалната емисија на јаглерод диоксид годинава, а за тоа придонесе и послабата побарувачка за јаглен во Кина и во Индија. Извештајот „Глобал карбон баџет 2019“, објавен на самитот на ОН за климата што се одржува во Мадрид, посочува дека зголемениот апетит за нафта и гас е потврда дека светот сè уште е далеку од драстични намалувања на емисиите на стакленички гасови потребни за спречување на глобалното загревање на планетата. Се наведува дека глобалните емисии на јаглерод диоксид од фосилните горива ќе бидат повисоки за четири отсто во 2019 година отколку во 2015, кога беше усвоен Парискиот договор за борба против климатските промени.
Германското „балсамико“ победи пред Европскиот суд
Европскиот суд на правдата пресуди во полза на германскиот производител на оцет, кој својот производ го продава под називот „балсамико“, поттикнувајќи ги италијанските компании од Модена да се обидат да ја ограничат употребата на тој назив.
– Производителите чии производи носат ознака со заштитено географско подрачје не можат да им забранат на преостанатите употреба на генерички поими во имињата на своите производи – одлучи Европскиот суд.