АД Млекара Битола ќе биде првата фабрика во Битола, која ќе биде вклучена на новиот гасоводен систем кој се гради за Битола.
Со тоа во голема мера ќе се намалат не само трошоците за потрошувачката на електрична енергија, туку и за производство на „Би Милк“, како и за поголема заштита на животната средина.
Ова беше речено за време на посетата на заменичката-претседател на Владата и носител на листата во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска на АД Млекара Битола.
Покрај вклучувањето во гасоводот „Би Милк“ во кругот на фабриката во тек е изградбата на пречистителна станица за третирање на отпадните води.
Оваа инвестиција е од големо значење за подигнување на свеста за еколошките вредности, како за сегашните, така и за идните поколенија и генерации кои треба да растат во еколошки чиста средина беше потенцирано н за време на посетата на „Би Милк“. М.М.