Буџетот има утврдени законски рокови. 10 дена трае првата расправа, после тоа има 5 дена откако ќе се врати во Влада, па пак во Собрание. Не можам да предвидам што точно ќе се случи, но очекувам првата половина од декември да се гласа предлогот, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими во емисијата „24 анализа“.
Според него, сите во Собранието се свесни за носењето на буџетот и има големо разбирање.
-Не гледам сценарио да се блокира. Согласно нашите закони, неусвојувањето на буџетот до крајот на годината значи времено финансирање на буџет. Покрај тоа што нема да имаме нови проекти, значи дека нема да има нови задолжувања – информира Бесими.