Малопродажната цена на бензините се зголемува за денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денара, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра-лесното масло за домаќинство по 52,50 денара за литар.
Се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 34,711 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е за 0,21 процент понизок.