Конечно е најдено решение за „Еурокомпозит“ на што работевме долго време, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска при престојот во Прилеп се сретна со работниците, прогласени технолошки вишок, од компанијата „Еурокомпозит“.
– Лошата ситуација во „Еурокомпозит“ трае 20-ина години. Интензивно работевме за изнаоѓање на решение. Компанијата е со блокирана сметка седум години и не беше лесно. Имаме две можни решенија. Едното е „Еурокомпозит“ да биде саниран во постојниот формат доколку некои договори се случат. Ако тоа не се случи за 10 дена, иако очекуваме резултати, тогаш второто решение е, како за Фени, и моделот да го примениме во овој случај. По 45 дена доколку уште е со блокирана сметка, да отиде во стечај, но со реструктуирање. Најден е инвеститор, кој ќе ја санира состојбата, во најголем дел ќе се погрижи за вработените, да ги обештети, но истовремено фабриката да продолжи да работи – рече Анѓушев.
Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок, тие повторно за 15-ина дена ќе имаат средба со Анѓушев, но бараат покрај отпремнините да ги добијат во целост и неплатнеите присдонеси за околу 6 години.