Фото: Маја Јаневска-Илиева

Трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4.9 проценти, а цените на мало од 3.4 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0.7 проценти. Цените на мало, пак, во март 2026 година во споредба со февруари се зголемени за 0.9 проценти.

Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.2 проценти, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.6 проценти, Рекреација, спорт и култура за 0.5 проценти, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 проценти, Облека и обувки за 0.3 проценти, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0.2 проценти, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 проценти.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги останале на исто ниво како и во претходниот месец.