Ревидиран годишен извештај на Групација Триглав и Заваровалница Триглав за 2022 година

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2022 година. Групацијата во 2022 година работеше успешно во предизвикувачки околности и ја задржа финансиската стабилност и водечката пазарна позиција во регионот. Вкупните приходи во износ од 1.599,3 милиони евра се зголемија за 10% во споредба со претходната година, од кои пак бруто полисираната премија изнесуваше 1.479,6 милиони евра или 9% повеќе, споредено со 2021 година. Групацијата минатата година оствари добивка од 134,5 милиони евра пред оданочување, што обезбеди зголемување од 1% во споредба со претходната година. Управниот одбор и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционерите ќе предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција или во вкупен износ 56,8 милиони евра, што претставува нешто повеќе од 50% од нето профитот на Групацијата Триглав за 2022 година.

Групацијата Триглав постигна добри резултати во минатогодишните предизвикувачки околности, кои што се карактеризираа со зголемена инфлација и неповолни услови на финансиските пазари. Ова ја потврдува цврстината на нејзиниот деловен модел и успехот на зацртаната стратегија. Групацијата во 2022 година оствари добивка од 134,5 милиони евра пред оданочување, што е за 1% повеќе во однос на претходната година. На добрите резултати влијание имаа зголемениот обем на деловно работење и одредени еднократни ефекти. Во споредба со претходната година, вкупните приходи се зголемија за 10% (1.599,3 милиони евра), од кои пак бруто полисираната премија изнесува 1.479,6 милиони евра, што е за 9% повеќе во однос на 2021 година.

Групацијата постигна раст на премијата во сите три осигурителни сегменти и на сите пазари, истовремено зголемувајќи ја или задржувајќи ја својата позиција на пазарот. Ситуацијата влијаеше на зголемувањето на обемот на бруто исплатени штети за 13% (832,2 милиони евра) и зголемувањето на оперативните трошоци за 12% (374,9 милиони евра). Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав достигна поволна вредност од 88,1%, на што главно влијаеше коефициентот на штети, подобрен поради
ефектот на делумно ослободување на резервациите за оштетни побарувања.

Групацијата нивната висина ја приближи до проценетата вредност според МСФИ 17. Зголемувањето на каматните стапки и падот на цените на акциите на финансиските пазари се одразија на намалувањето на обемот на инвестициското портфолио за 11%, на 3.271,2 милиони евра, додека неговиот принос беше негативен (-15,7 милиони евра).

Во 2022 година, Групацијата, исто така, доби висок кредитен рејтинг „А“ од агенциите за кредитен рејтинг S&P Global Ratings и AM Best, со стабилна среднорочна прогноза. И покрај зголемениот обем на ризик, групацијата одржа висока капитална адекватност од 200%.

Извештаите, каде што детално се наведени информациите за солвентноста и финансиската положба на Групацијата Триглав и на матичната компанија, се достапни на овој линк.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ

Управниот и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционери предлагаат исплата на дивиденда во износ од 2,50 евра бруто по акција, што претставува нешто повеќе од 50% од консолидираната нето добивка за 2022 година. Со предложената дивиденда, дивидендниот принос по тековната цена на акцијата изнесува 6,3%. На 21 април, 2023 година, се очекува Заваровалница Триглав да го објави свикувањето на редовниот годишен состанок на акционери, кој што е планиран за 6-ти јуни, 2023 година.

СТРАТЕГИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ И НЕЈЗИНИТЕ ОДРЖЛИВИ АМБИЦИИ (ЕСГ)

Централната стратешка цел на Групацијата Триглав е да постигне исклучително и униформно корисничко искуство во сите правци, во сите процеси, со сите производи и во сите компании од Групацијата, придружено со натамошна дигитална трансформација и развој на услужно ориентирани деловни екосистеми. Во 2022 година, таа продолжи со дигитализација на процесите кај асистентските услуги, процедурите за продажни и оштетни побарувања и со градење на единствена платформа за комуникација и работа со клиентите, а истовремено опреми неколку интерни процеси со алатки за нивна роботизирана автоматизација. Исто така, на заедничка платформа и со заедничка програма за лојалност, Триглав комплет продолжи да ги поврзува екосистемите во основните области на здравството, финансиските услуги, мобилноста, животот и милениците. Го прошири кругот на партнери, со кои има заеднички деловни принципи и стремеж за високо задоволство на клиентите и го надополни асортиманот на асистентски и поврзани услуги.

Групацијата Триглав ги следи стратешките амбиции за одржлив развој во областа на животната средина, општеството и управувањето. Таа ги проширува услугите кои што промовираат социјални и еколошки бенефиции и го зголемува уделот на зелените и одржливите обврзници, како и обврзниците со социјално влијание во инвестициското портфолио. Го намали и јаглеродниот отисок на сопствените процеси. Групацијата останува тесно вклучена во општествено и еколошки одговорните проекти, партнерства и донации. Во своето работење, ги следи високите стандарди на корпоративното управување и ја поттикнува културата на разновидност и инклузија и ги препознава можностите што ги носи. Групацијата учествува во меѓународните иницијативи PSI на ОН, UNEP FI и во партнерството на PCAF, кои ги спроведуваат принципите на одржлив развој, и известува во согласност со стандардите за одржливост GRI, SASB и според прашалникот на CDP за климатските промени.

ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Во 2022 година, Групацијата Триглав, и покрај тешките економски услови на македонскиот осигурителниот пазар, работеше успешно и обезбеди консолидирана бруто полисирана премија во доменот на животно и неживотно осигурување од 1.885,3 милиони денари или 30,63 милиони евра, притоа постигнувајќи раст од 23% во споредба со резултатите остварени во 2021 година и зголемен пазарен удел од 14,7%.

Во 2022 година, Триглав Осигурување ја задржа водечката позиција на пазарот на неживотно осигурување, зголемувајќи го својот удел на 14,4%. Компанијата успешно се справи со турбулентното пазарно опкружување, обезбедувајќи бруто полисирана премија од 1.517,84 милиони денари (24,66 милиони евра), со што оствари раст од 14% во споредба со резултатот од 2021 година, додека пазарот порасна за 9,2%.

„Пазарните истражувања во 2022 година го позиционираат Триглав Осигурување како најреномирана осигурителна компанија, со највисоко ниво на доверливост и професионалност, која што е прв избор во доменот на неживотното осигурување. Нашата обновена стратегија е посветена на безбедно и профитабилно работење, фокусирајќи се на потребите на нашите клиенти и поставувајќи стандарди за извонредно корисничко искуство, а нашата способност да изградиме доверба и да воспоставиме долгорочни партнерства со нашите клиенти, партнери и соработници
е клучен фактор за нашиот успех“, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Во деловната 2022 година, Триглав Осигурување Живот достигна пазарен удел од 16,1%, (раст од 6,2 процентни поени во споредба со истиот период минатата година). Во остварениот пораст на премијата на пазарот за животно осигурување, Друштвото придонесе со износ од 168 милиони денари (5,97 милиони евра), што претставува удел од 61% во вкупниот пазарен раст, што значи дека Триглав Осигурување Живот е најголемиот двигател на растот на пазарот. Што се однесува до остварената премија, имаше зголемување од 84% во споредба со минатата година.

„Значително повисокиот раст на премијата во споредба со просекот на пазарот за животно осигурување е јасен показател дека дури и во непогодни економски услови, продолжуваме со динамиката на растот. Добиваме сé повеќе нови корисници и за нас тоа е потврда за посветеноста со која што градиме исклучително корисничко искуство“, изјави Вилма Учета Дузлевска, Генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Триглав пензиското друштво во 2022 година постигна умерен и стабилен раст на вредноста на пензиските заштеди на своите членови. Во специфични услови, остварен е пораст на членството од над 45%* 1 и зголемување на нето вредноста на средствата под управување на задолжителниот пензиски фонд за повеќе од 80% 2 во споредба со минатата година. Соодветно зголемување е забележано и во областа на доброволното пензиско осигурување. Друштвото успеа да одржи стабилно инвестициско портфолио и да ги минимизира ризиците од управување со средствата на членовите и покрај исклучителната нестабилност на инвестициските пазари.

„Задоволни од постигнатите резултати и од насоката во која што се движиме, во периодот што претстои остануваме посветени на тоа да работиме со ист интензитет и со зголемен професионален фокус. Продолжуваме да ги инвестираме сите наши професионални капацитети во насока на реализација на стратешките приоритети“ изјави претседателот на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво, г-дин Тихомир Петрески.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЗАВАРОВАЛНИЦА ТРИГЛАВ И НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ЗА 2022 ГОДИНА

Годишниот извештај е посветен на сите оние, кои успешно ги трансформираат денешните предизвици во нови решенија и ги поместуваат границите. Во насловната порака „Одраз на утрешниот ден“, се нагласува развојната ориентација на Групацијата Триглав, во чија основа е познавањето на променетите потреби на клиентите и учесниците, поддржано од современите технологии. Во прв план е ширењето на хибридните режими на продажба, поедноставените и делумно автоматизираните процедури и модуларните производи, прилагодени на клиентите. Посебно внимание се посветува на развојот на услужните деловни екосистеми, кои минатата година повторно се проширија со нови услуги и партнери во клучните области: здравје, мали животни, мобилност, дом и финансиска сигурност. Успехот на оваа насока и интегрираната стратегија фокусирана на клиентите, во 2022 година го покажуваат високото задоволство на клиентите и одржаното високо задоволство на вработените.

Целосниот годишен извештај со можност за преземање во iXBRL и PDF формат е достапен на веб-страниците на https://letnoporocilo.triglav.eu/2022 и https://annualreport.triglav.eu/2022 кои беа креирани имајќи ја предвид енергетска ефикасност. Корисниците на веб-страницата на извештајот, која што меѓу другото го покажува движењето на клучните финансиски и ЕСГ индикатори, исто така, можат да ја проверат исправноста на нивното држење пред екранот. Содржината е дел од превентивната програма во областа на мускулно-коскените нарушувања на работното место, што Заваровалница Триглав ја разви за своите вработени, и за која доби меѓународно признание од Европската агенција за безбедност и здравје (EU-OSHA).

Комерцијална објава