Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец и за 3,9 проценти во однос на септември лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 0,7 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 0,2 отсто.
Во септември 2025 година во однос на истиот месец претходната година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 1,5 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија за 4,1 проценти.


































