Фото: ЕПА
  • БДП по жител на Лихтенштајн порасна за 67.713 долари од 2020 година, што е најголем апсолутен пораст на глобално ниво Гвајана забележа најголем процентен пораст на БДП по жител, достигнувајќи 351 отсто за пет години, поттикнат од нафтената индустрија

Животниот стандард и придобивките што ги уживаат жителите на развиените земји се честа тема низ медиумите, но и предмет на анализа. Што го поттикнува развојот и колку граѓаните добиваат од растот на една земја се чести прашања. Анализа на „Вижуал капиталист“ дава детален приказ како растел бруто-домашниот производ (БДП) по жител во изминативе пет години. Тука се бројките која земја има номинален раст, но и кои земји се со голем процентуален раст.
Економистите укажуваат дека земја во која има убедливо највисок БДП по жител е Лихтенштајн. Анализите покажале дека БДП во споменатата земја се зголемил за рекордни 67.713 долари од 2020 година до оваа 2025 година, што е најголем апсолутен пораст на глобално ниво. Од друга страна, Гвајана има најголем процентен пораст на БДП по жител, достигнувајќи 351 отсто раст за пет години, поттикнат од нејзината брзорастечка нафтена индустрија.
За разлика од нив, од 2020 година БДП на САД по жител порасна за 25.081 долар, што е седмо највисоко зголемување во светот.
– Робусните финансиски пазари и економската отпорност ја поддржаа економијата, дури и кога инфлацијата ги оптоваруваше паричниците на потрошувачите. Надвор од Америка имаше слични приказни за успех, при што некои земји дури го удвоија својот БДП по жител во тој релативно краток временски период – се посочува во анализата.

Boдечки земји по раст на БДП по жител

Лихтенштајн се издигнува над другите, со БДП по жител зголемен за 67.713 долари од 2020 година. Овој скок го нагласува фактот дека неговата валута е поврзана со швајцарскиот франк, кој порасна за 20 отсто во однос на американскиот долар во текот на периодот. Во исто време земјата претставува центар за напредно конкурентно производство. Земјата исто така има многу работници што работат на работа од соседните земји, а тоа помага да се зголемат домашните мерки за богатство, како што е БДП по жител.
Република Ирска е на второто место, со скок од 42.914 долари на БДП по жител. Неколку големи технолошки и фармацевтски компании имаат седиште во земјата, што дополнително го зголемува богатството на земјата.
Ако го погледнеме БДП по жител во однос на процентуалните зголемувања, Гвајана е јасен глобален исклучок. Од 2020 година БДП по жител скокна за 351 отсто. Откритието на нафта од 11 милијарди барели во Гвајана е едно од најголемите во светот во последните децении, што значително го поттикнува растот на БДП.
Во меѓувреме неколку земји низ Источна Европа и Азија забележаа најголеми зголемувања на БДП по жител на глобално ниво, а Грузија, Киргистан, Ерменија и Турција се меѓу првите пет.


Рангирање на земјите според БДП по жител

Земја БДП по жител

Лихтенштајн 67.713
Р Ирска 42.914
Макао 37.820
Исланд 35.912
Сингапур 33.071
Луксембург 29.248
САД 25.081
Швајцарија 24.911
Гвајана 24.425
Норвешка 23.608
Катар 20.479
Холандија 19.644
Сан Марино 19.628
Малта 17.440
Аруба 17.091
О. Кралство 16.430
Данска 15.505
Израел 15.414
Белгија 14.484
Кипар 14.117

сумите се во долари


Рангирање според процентуален раст на БДП по жител

Гвајана 351
Грузија 135
Киргистан 119
Ерменија 110
Турција 108
Албанија 106
Венецуела 102
Макао 102%
Бугарија 100
Хаити 99%
Црна Гора 99
Бурунди 98
Таџикистан 92
Малдиви 91
Србија 89
Молдавија 89
Узбекистан 86
Саун Томе и Принсип 86
Хрватска 82
Полска 78

сумите се во проценти