Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија заклучно со денес 15 април завршува редовната грејна сезона.
– Во останатите денови до крај на април, согласно Правилата со цел да им се овозможи комфор на граѓаните доколку има поладни денови, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење врз основа на прогноза која УХМР ја доставува – информираа од Регулаторната комисија.
Доколку УХМР достави прогноза во која се предвидува средна надворешна температура за следниот ден да е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, топланите се должни да испорачуваат топлинска енергија до потрошувачите.
БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика ќе испорачуваат топлинска енергија и во деновите кога се очекува заладување
Топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по завршувањето на грејната сезона. Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го обезбедуваат парното греење во Скопје, БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика, ќе продолжат да испорачуваат топлина, регулирано согласно утврдените правила и дијаграми, во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во
различни периоди од денот.
Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од стрна на РКЕ,
снабдувањето со топлинска енергија може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е
еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи, велат о АД ЕСМ. М.М.