Во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државни резерви пченица, рече денеска државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Како што посочи Димковски, движењето на цените се следи, но и се работи на динамичен план преку стопанските комори.
– Нема потреба од активирање на резервите, имаме доволно пченица во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разгоговорите со цел редовно снабдување – истакна советникот на прес-конференција, откако министерот за економија Крешник Бектеши претходно соопшти дека од денеска почнува забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.
Димковски информира дека интензивно се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени.
– Моментно има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури – рече Димковски.
Веќе е разговарано, дополни, и за промена на одреден модел кај стоковните резрви.
– Кога зборуваме за гарантиран откуп, зборуваме за договорно производство. Ги охрабруваме производителите и откупуавчите врската меѓу нив во овој сегмент да ја засилат, да биде уште појака. Но, во пазарна економија не може да најдете загарантирана цена. Ние ја следиме призводната цена и врз основа на неа интервенираме за да го задржиме нашето производство – објасни државниот советникот во МЗШВ, Трајан Димковски.