Министерството за финансии интензивно работи на ребаланост на буџетот и во тек се разговорите и преговорите со останатите министерства, информираше денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Преговорите со министерствата се почнати од пред два дена. Ребалансот е во поготовка и какошто рече можеби за две недели од денеска може да зборува посериозни бројки во ребалансот на буџетот.
-Ребалансот на буџетот треба да се најде најдоцна до 25 јуни во собраниска процедура- изјави Димитриеска Кочоска.
Прашана каде ќе се крати најмногу, Димитриеска Кочоска одговори дека токму сега преговараат со министерствата и не може во моментов да говори за овој аспект, а во однос на проекциите на буџетот дали ќе ја задржат истата проекција или ќе одат нагоре или надолу, министерката Димитриеска Кочоска со одговор „нагоре нема да одиме“.