Во првите 10 месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе, во вкупна вредност од 2,46 милијарди денари, односно околу 40 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46 проценти), Италија (18,7 проценти)и Косово (8,8 проценти).
Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 денари/килограм (ден/кг), потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг и Косово – 50 тони кафе, со просечна цена од 287 ден/кг.
Потоа следува Уганда – 31,5 тони, Виетнам – 28,7 тони, Индија – 22,6 тони, Хрватска – 13,1 тон и Кенија – 9,8 тони кафе.
Во 2024 година во земјава, според податоците од Државниот завод за статистика биле увезени вкупно 7.223.154 килограми кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос.






























