Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН, информира премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.
– Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции – рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.