Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.
-Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори.
-Денеска на седница на Владата би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до Парламентот. Очекувам Парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно – рече претходно денеска премиерот Мицкоски.