Фото: „Нова Македонија“

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа, велат од Владата.

-3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика. За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки и проценти, Македонија се впишува како земја со најбрзорастечка економија, во група на држави како Ирска, Данска и Полска. Порастот на БДП е показател дека работиме посветено и носиме одговорни политики во интерес на граѓаните – велат од Владата.