фото: Ка.М.

„Витаминка” е првата компанија во Македонија, која започна со имплементација на ЕСГ (ESG – environmenta, social, governance), со која се овозможува систематски пристап кон одржлива практика, корпоративна одговорност и транапарентно управување. Со овој чекор се зајакнува нејзината долгорочна стратегија и го потврдува континуираниот стремеж за интегрирање на традицијата, иновацијата и квалитетот, што е потврда за повеќедецениската работа.
Ова е модел за мерење и управување на компанијата со влијанието во животната средина,општеството и корпоративното управување.
– За „Витаминка“ значи надградување на процесите за намалување врз животната средина, поголема грижа за вработените и заедницата, како и јакнење на транспарентноста. Ова е длабинска трансформација на кој компанијата размислува, планира и делува. Нашата цел е ESG да стане секојдневие. На овој начин ќе ја зајакнеме компанијата и ќе создадеме подобра иднина – рече Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка“, денеска на презентацијата на системот.
ЕСГ ќе се реализира етапно од три до пет години, а догодина ќе биде подготвен првиот извештај.
Инаку, компанијата со години инвестира во нови технологии и во намалување на јаглероден диоксид, подобрувајќи го квалитетот, зголемувајќи ја довербата и создавајќи поодржлива иднина.
Ка.М.