Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3,9 проценти, соопшти Државниот завод за статситика.
Во периодот јануари – октомври годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 5,1 проценти, а во споредба со декември 2024 година растот е 2,1 проценти.
Во октомври 2025 во однос на претходниот месец цените на угостителските услуги се зголемени за 0,3 проценти.


































