Фото: Ка.М

На 18 ноември Тутунскиот комбинат Прилеп започнува со откуп на тутун од годинашната реколта. На денешната прес конференција директорот Александар
Алексовски посочи дека како откупна компанија, во државна сопственост, подготвени се за старт на откупот на тутунот од годинашната реколта.

– На 18 , вторник, ќе бидат отворени 34 откупни места со 37 регистрирани ваги.
Договорени се 2,3 милиони килограми тутун, за што се обезбедени и финасиските
средства. Годинава планираме за 35 проценти повеќе да откупиме тутун во однос на
ланската сезона. Цените се дефинирани. За прва класа 420 денари, 360 за втора и 300
денари за трета класа. Она што е многу важно е дека доколку во текот на откупот на
тутунот се зголемат цените, на тутунарите ќе им бидат дополнително исплатени од наша страна. Динамиката на плаќање останува како и лани – двапати неделно, вторник и петок, бидејќи се покажа добра пракса и затоа повторно така ќе одиме – рече директорот Алексовски.

Според него, годинашниот род на тутун е со одличен квалитет, што го потврдуваат
не само тутунарите, од Сојузот на тутунски здруженија, туку и експертите. Проблем би
имало со подоцнежниот собран тутун, кој нема да има доволен квалитет, како другиот.
Запрашан за проценката на класи, директорот на Тутунски комбинат Алексовски
истакна дека е една од мерките за стимулирање на подобро производство на тутун.
И откупните претпријатија и тутунарите ја оценуваат како позитивна мерката на Владата за забрана за откуп на тутун од страна, со што тутунарите ќе бидат дополнително заштитени, односно прво ќе се откупи домашното производство.

Инаку, Тутунскиот комбинат, рече на денешната прес конференција директорот
Александар Алековски, годинава имал позитивна добивка, остварена во рок од една
година.

-Моментно немаме заостанат тутун, целосно е продаден ланскиот откупен тутун.
Остваруваме и зголемено произвсдство на цигари за 35 проценти што е позитивно за
компанијата – вели Алексовски, потенцирајќи дека моментно има 360 вработени. Ка.М.