Триглав Осигурување со задоволство ги поддржа атлетите на Специјалната олимпијада, кои ќе учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри во Торино, Италија, со донација на неопходна спортска опрема и осигурување. Оваа соработка ја потврдува нашата континуирана посветеност на промовирањето на инклузијата, како и поддршката на здравиот начин на живот и на спортот, како трансформирачка алатка за создавање силни, упорни и мотивирани личности.
Атлетите на Специјалната олимпијада се пример за мотивација и истрајност. Нивната
желба и храброст да се натпреваруваат, без разлика на предизвиците, е инспирација
за сите нас. Проектите како Специјалната олимпијада им обезбедуваат на овие атлети
можност да ги развијат и покажат своите вештини и им помагаат да развијат доверба и
чувство на припадност во заедницата.
– Веруваме во силата на спортот, да обединува луѓе, да инспирира истрајност и да
создаде средина на тимска работа и инклузија. Поддршката на Специјалната
олимпијада е во согласност со нашите основни вредности и ни дава можност
директно да влијаеме на животите на поединците на значаен начин. Чест ни е да
дадеме наш придонес за успехот на овие атлети и да ги охрабриме принципите на
упорност, посветеност и храброст, кои што ги дефинираат и спортот и
човечкиот дух.“ – изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав
Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.
Во Триглав Осигурување сме посветени на создавање позитивно и инклузивно
влијание на светот околу нас. Стоиме заедно со атлетите, тренерите и семејствата на
Специјалната олимпијада, додека тие ја демонстрираат моќта на истрајност и
обединетост.
Моника Бошковска, Претседател на Специјална Олимпијада дополни, „Во името на
Специјална Олимпијада Македонија, изразувам огромна благодарност до Триглав
Осигурување за нивната несебична поддршка и донацијата на спортска опрема и
осигурување за нашите атлети, кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските
олимписки игри во Торино, Италија. Оваа донација е многу повеќе од материјална
поддршка – таа е потврда дека инклузијата, упорноста и спортскиот дух се
вредности кои нè обединуваат. Нашите атлети не само што се натпреваруваат,
туку тие докажуваат дека со страст, труд и верба во себе, сите граници можат да
се поместат.“
Партнерствата, како ова со Триглав Осигурување, ни помагаат да создаваме
општество во кое што секој има можност да успее и да го покаже својот
потенцијал.
Затоа, со гордост чекориме кон Торино, поддржани од компании и заедници кои
веруваат во нашата мисија. Заедно сме посилни, заедно создаваме инклузивна
иднина!“