Министерството за економија до Собранието достави предлог за измени и дополнувања на законот за трговија со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат в недела и за време на празници.
Измените и дополнувањата на законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.
Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.
Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците.