Нов ефикасен систем на поддршка за земјоделците, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. По владината седница на која беше усвон нов модел за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој премиерот порача дека струја, греење и храна мора да има за сите.
– Имаме обврска да им помогнеме на земјоделците заеднички да ја пребродиме оваа криза, а за граѓаните да обезбедиме стабилно производство на храна – рече Ковачевски.
Новот модел, посочи, е креиран по европски терк, поефикасен е и прилагоден на предизвиците што ги донесе кризата. Нема намалување, туку, како што потенцираше, поефикасна распределба на средствата.
– Мораме да се осигураме дека домашното произвоство на храна е стабилно и ќе има доволно храна, дека ќе призведуваме доволно за дома, но и за извоз за јакнење на економијата – рече Ковачевски.
Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Имаме план и граѓаните не треба да бидат загрижени, заедно обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, каде го презентира новиот модел за субвенционирање во земјоделството.
– Исправени сме пред досега најтешката и најнеизвесна криза. Војната во Украина донесе зголемени трошоци за земјоделците, недостиг на репроматеријали и не соочи со предизвикот како да обезбедиме доволно храна. Наша задача, како Министерство, е грижа за секој земјоделец – преку конкретни мерки да го стабилизираме домашното производство, да ги намалиме производствените трошоци и да обезбедиме зголемен принос и храна за сите граѓани – нагласи Николовски.