Фото: Влада

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон најави намалување на цената на струјата со овој проект за чиј старт ја истакна подготвеноста на државата, како што рече, со покажано лидерство и дисциплина.

– Раководството на државата нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Ги поставуваме темелите на овој значаен проект од над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид – рече Колдерон.

Тој сподели дека според анализа на Блумберг во Западен Балкан ќе има нови инвестиции во обновливи извори на енергија во износ од 11 милијари долари, во кои, рече дека државава би имала удел од 30 до 40 проценти поради позицијата, човечкиот капитал и дисциплината.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека по повеќе од една година тоа што го ветиле со инвеститорот денеска добива завршница на првата фаза.

– Дисциплината е секогаш најважна, ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект тогаш нема ништо. Имаме уште многу идеи како оваа ивестиција може да додаде уште поголема вредност и за компанијата и за нас како држава – рече Мицкоски.

Владата, како што наведе, сериозно е посветена на економијата бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред.

– Тоа го правиме и такви се првичните индикатори од почетокот на оваа година – посочи премиерот.

Според вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николовски, со реализацијата на оваа, како што истакна, најголема инвестиција во обновливи извори на енергија,  покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.

-Во однос на економијата имаме директен и индиректе импакт, директниот е она што ќе се произведе и продаде и влегува во БДП, но индиректниот е многу поголем,  пред се, за стопанството и индустрјата. Правилата на ЕУ во однос на зелената транзција се дека во металната, челичната индустрија, кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија.  Во спротивно ќе се плаќа казна, за да го спречиме тоа, за да дадеме шанса на нашата економија да е конкурентна надвор вакви проекти ќе придонесат за да бидеме лидери и во индустриското производство – рече Николоски.


Мицкоски: По година од најавата се остварува најголемата инвестиција од половина милијарда долари, која ќе произведува еден терават електрична енергија

По една година од најавата за изградба на најголемиот ветерен парк во земјава денеска во близина на штипското село Љуботен беше поставен камен темелникот за изградбата на првата ветерница. Премиерот, Христијан Мицкоски во својот говор посочи дека после нешто повеќе од една година, тоа што тогаш го ветиле заедно со компанијата и инвеститор, денеска добива завршница на првата фаза.

-Тоа беше практично вториот ден од изборот на тогашната нова Влада кога заедно со Даниел и со неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновливата енергија во вредност од половина милијарда долари, којашто ќе произведува отприлика 1 терават електрична енергија годишно и дека тоа ќе биде инвестиција којашто ќе биде практично драјвер и модел како треба во иднина да се движиме – рече премиерот Мицкоски.

Фото: Влада

Тој посочи дека таков беше почетокот, а крајот на годината беше историски за нас како држава, бидејќи како што рече, прв пат ја надминавме бројката од една милијарда евра странски директни инвестиции.

– Дојдовме до бројка од 1.255.000.000 евра директни странски инвестиции во таа 2024 година, што за нас претставуваше пријатно изненадување, но и потврда дека се движиме во правилна насока, а тоа беше еден од оние почетни индикатори, бидејќи работите не доаѓаат веднаш и не доаѓаат бргу. Ќе треба малку повеќе време за да се почувствуваат, но добро е кога првичните индикатори се добри. Работевме оваа година дена заедно со „Алказар Енерџи“ за да крајот на јуни го направиме овој настан којшто го правиме денеска на 16 јули – наведе Мицкоски.

Премиерот, Мицкоски истакна дека на инвеститорот му се извинил што доцна три недели со инвестицијата, но како што рече „но мислам дека тука доцнењето е заедничко и како што кажа Даниел во неговиот говор дисциплината е секогаш најважна“.

-Ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект, нема ништо. Тогаш ќе почне да ви се распаѓа сето она коешто го градите и на крајот нема да стигнете до посакуваната цел, а нашата посакувана цел беше денешниот камен темелник. Имаме уште многу идеи како оваа инвестиција може да додаде уште поголема вредност и да биде уште позначајна и за компанијата инвеститор и за нас како држава, но тоа ќе го разговараме во некоја следна фаза – додаде Мицкоски.

Фото: Влада

Тој во своето обраќање на почетокот на изградбата на ветерниот парк, кој ќе биде најголем на Западен Балкан, а се простира на територија на општините Штип, Радовиш и Карбинци потенцираше и како Влада се сериозно посветени на економијата, бидејќи силно верува дека како држава имаме огромен потенцијал и тој потенцијал коишто го имаме и како Влада и како човечкиот потенцијал со којшто располага државата може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните индикатори од оваа година.

– За нас гигантски, за разлика од чекорењето наназад изминативе седум години, резултатите и индикаторите на почетокот на оваа година, првиот квартал, првите пет месеци, па би рекол и првите два квартали, односно првата половина од годината чекориме со гигантски чекори напред – рече Мицкоски.