Согласно редовниот годишен преглед на рејтингот, Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс го потврди силниот рејтинг „А“ за финансиска моќ на Сава Ре а.д. и Заваровалница Сава а.д. Како што се наведува, прогнозата е „ стабилна “.
Во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг, како јаки страни на Сава Осигурителна Групација се:
Воспоставена и стабилна позиција на словенечкиот пазар;
Солидна капитализација (“AAA” ниво);
Конзервативна инвестициска политика.
Како друга силна страна на Групацијата е исто така претпазливоста во осигурувањето комбинирано со конзервативната заштата на реосигурувањето, што ги поддржува и перформансите на работењето.
Агенцијата смета дека Сава Осигурителна Групација уште повеќе ја зацврсти својата позиција на словенечкиот осигурителен пазар по успешната консолидација со Вита. Агенцијата верува дека Групацијата ќе продолжи да ги користи своите обемни дистрибутивни способности и пристапот чиј фокус се клиентите, со цел да го зголеми профитабилниот раст од поволните пазарни услови во Словенија. Од Стандард енд Пурс исто така, веруваат дека добрата осигурителна профитабилност на Групацијата ќе ја оддржи нејзината стабилност, дури и кога побарувачката се нормализира по забавувањето за време на прекините предизвикани од КОВИД-19.
Стабилната прогноза за основните оперативни субјекти на Групацијата е одраз на очекувањето на
Агенцијата дека менаџментот на Групацијата ќе продолжи да ја спроведува својата стратегија за профитабилен раст, додека дополнително ќе ги диверзифицира премиите и изворите на приходи. И покрај интеграцијата на Вита и потенцијалниот пресврт во економскиот циклус, Агенцијата очекува Групацијата да оддржува силен биланс на состојба со силна капитализација и стабилна и голема заработка во следните две години, што ќе овозможи Групацијата да продолжи да ги развива своите домашни и странски операции.