Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во соопштение до медиумите, ја прашува минисерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, согласно нејзината изјава и ново ветување, за кои работници во јавниот сектор ќе има К-15 и дали тоа е за целиот јавен сектор, односно за 138.000 работници. Од ССМ, нагласуваат дека нема социјален дијалог со манипулации.
– Поточно каде е утвредено тоа право, во кој колективен договор или закон, или и тоа е нова манипулација на 138.000 работници, со „ќе“ или само за 15.000 работници во јавен сектор кои се под Гранскиот колективен договор на Синдикатот на УПОЗ при ССМ и тоа право им е загарантирано во колективниот договор, па под присила на тужби кон државата имате и обврска да ги предвидите како средства. Но, за жал ниту тие не се предвидени во ребалансот, туку дополнително ќе бидат предвидени според изјавата на министерот Фатми Бесими – се вели во соопштението од ССМ.
Од ССМ, исто така реагираат, дека додека методологијата уште ја чекаат работниците, ценовните шокови по продавниците и новата цена на струјата не чекаат.
– ССМ преку Општиот колективен договор за јавен сектор испорача јасни барања на кои Вие како Влада, иако јавно ветивте пред работниците, сега се глуми дека тоа не е така, а тоа се: – линерно солидарно за 2.806 денари усогласување на платите колку што порасна минималната плата и регрес К-15 за сите работници во јавниот сектор (кои го немаат тоа право) – се вели во соопштението од ССМ, во кое се посочува и дека работниците нема да заборават кој беше со нив кога им беше најтешко.