Фото: Маја Јаневска-Илиева

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507 денари, што претставува зголемување од 179 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија

Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци во август достигнуваат 80.882 денари.

Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064 денари, што е зголемување од 382 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2.584 денари, односно 12,09 отсто.

Од другите категории, како што посочуваат од ССМ, трошоците за облека и обувки се намалени за 114 денари, за лична хигиена има намалување од 74 денари и за транспортот се намалена за 16 денари.