Советот за праведна транзиција денеска на седница го разгледа Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година.
Фокусот на дискусијата бил ставен на тоа планот да биде оперативен и имплементациски, со јасно дефинирани активности и проекти, одговорни институции, временска рамка, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот.
– Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите релевантни институции, со редовно известување за напредокот преку Советот и работните групи – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
На состанокот нагласено е дека Планот за 2026 е клучен документ за насочување на активностите во процесот на праведна транзиција и за исполнување на обврските на државата во рамки на Реформската агенда и Планот за раст, при што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го координира неговото финализирање.
– По денешната дискусија и усогласување, Планот ќе биде подготвен за понатамошно формално усвојување, со цел државата да влезе во 2026 година со јасна насока, приоритети и засилен фокус на спроведување и резултати во рамките на зелената транзиција – најави МЕРМС.






























