Шпаркасе Банка АД Скопје го воведе новиот онлајн потрошувачки кредит – современо дигитално решение што овозможува брз, едноставен и целосно онлајн пристап до финансиски средства, без посета на експозитура и без административни процедури.
Целиот процес се одвива дигитално, со највисоки стандарди на сигурност и заштита, при што од апликација до исплата на средствата се потребни најмногу 10 минути по одобрувањето.
Решението е целосно без хартија, без физичко потпишување документација и без потреба од дополнителни потврди, што претставува значаен исчекор кон модерно, ефикасно и одржливо банкарство.
УСЛОВИ ЗА ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
-Износ од 12.000 до 900.000 МКД
-Рок на отплата од 6 до 95 месеци
-Фиксна каматна стапка од 5,2 % за целиот период 0 денари административни трошоци 0 денари трошоци за апликација
-Без жиранти и без обезбедување
„Воведувањето на онлајн потрошувачкиот кредит претставува важен чекор во нашата стратегија за развој на целосно дигитално банкарство и создавање едноставни, брзи и достапни финансиски решенија за нашите клиенти. Нашата цел е да овозможиме финансиските услуги да бидат достапни веднаш, кога клиентите имаат потреба, преку дигитално искуство што е интуитивно, сигурно и приспособено на современиот начин на живот. Продолжуваме да инвестираме во иновации што носат реална вредност и го унапредуваат секојдневното банкарско искуство“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.
Онлајн потрошувачкиот кредит е достапен за постојни клиенти на Банката, со посебен фокус на клиентите што примаат плата во Шпаркасе Банка најмалку 6 месеци, овозможувајќи им брз пристап до средства кога им се најпотребни.
Со ова решение, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон дигитална иновација и развој на модерни банкарски услуги, поставувајќи нови стандарди во достапноста, брзината и едноставноста на финансиските услуги на македонскиот пазар. Брзо. Едноставно. Дигитално. Токму кога ти треба. Повеќе информации се достапни на www.sparkasse.mk или на 02/15-050.
(Комерцијална објава)
































