– Во понуда и станбен и хипотекарен кредит со фиксни каматни стапки за сигурна и предвидлива иднина

Шпаркасе Банка го претставува потрошувачкиот кредит со највисок износ на пазарот – до 2.400.000 денари, создаден за да им овозможи на клиентите поголема финансиска слобода и стабилност. Со овој кредит, клиентите добиваат пристап до значителни финансиски средства за своите лични планови – без хипотека, без жиранти и со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата до 95 месеци.
Потрошувачкиот кредит на Шпаркасе Банка е наменет за сите физички лица со редовни месечни примања, кои сакаат да располагаат со поголеми износи на средства, без ограничувања и да ги реализираат своите големи планови и лични желби. Дополнително, клиентите можат да добијат уште поповолна каматна стапка доколку користат револвинг производи на Банката.
Покрај потрошувачкиот кредит, Шпаркасе Банка во оваа атрактивна понуда нуди и станбени и хипотекарни кредити со фиксни каматни стапки, кои овозможуваат фиксна месечна рата и сигурност при долгорочно планирање. Со максимален износ до 400.000 евра и фиксна каматна стапка за станбен и хипотекарен кредит, клиентите можат да планираат стабилна иднина без грижи за променливи месечни рати.
Станбените кредити се наменети за купување или за реновирање дом со рок до 30 години, додека хипотекарните кредити овозможуваат висок износ за наменски или за ненаменски инвестиции, со рок на отплата до 20 години.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Шпаркасе Банка, јавете се во Сервисниот центар на 02 15 050 или обратете се во најблиската експозитура на Банката.