фото: Шпаркасе банка

„Шпаркасе Банка АД Скопје“ ја стави во функција платформата за Отворено банкарство. Станува збор за регулаторно барање, кое стапува во сила во март 2026 година, и платформата е целосно усогласена со барањата од Законот за платежни услуги и платни системи и постојната регулатива на ЕУ.

Како пионер во пласирање отворено банкарство, и институција посветена на задоволството на клиентите и подобрување на банкарското искуство, „Шпаркасе Банка“ е фокусирана на професионална примена на овие иновативни решенија.

Со максималната посветеност да ги имплементира сите новини, Банката ја докажа својата позиционираност како клучен двигател во економијата, и како банка што инвестира во дигитализација и која секогаш ги слуша ставовите на клиентите и ги задоволува нивните потреби.

Платформата за Отворено банкарство е реализирана во партнерска соработка со АСЕЕ, членка на Asseco групацијата. Таа е отворена за пристапување на сите заинтересирани фин-тек компании, со цел преку неа да развиваат свои иновативни решенија користејќи ги можностите на отвореното банкарство. Развојниот портaл и техничка документација се достапни на https://developer.open-bank.sparkasse.mk/

Oтвореното банкарство е новитет во платежниот сектор и претставува иднина на банкарството каде што финансиската слобода и врвната технологија се спојуваат за да го редефинираат начинот на кој клиентите ги користат финансиските услуги.

Потенцијалот што го нуди Отворено банкарство за бизнисот и за корисниците е огромен, почнувајќи од обезбедување нови, иновативни финансиски продукти, персонализирани понуди, па сè до директни плаќања од корисничките сметки и консолидирани информации за крајните корисници, притоа обезбедувајќи целосна безбедност и заштита на корисничките податоци.

Крајните корисници ќе можат да ги користат придобивките на платформата за Отворено банкарство користејќи ги постојните механизми за автентикација и авторизација, без да се наметнуваат никакви дополнителни побарувања за кориснички акции специфични за ова решение.

Шпаркасе Банка е фокусирана кон целосна дигитална трансформација, која има за цел олеснување на достапноста на производите на Банката како и забрзување и унапредување на услугите кон клиентите. Банката интензивно работи на напредни проекти, кои ќе овозможат целосно дигитално патување при користење широк спектар сервиси преку дигитални канали. Подобрувањето на банкарското искуство на клиентите останува еден од главните приоритети на Банката.