Шпаркасе Банка АД Скопје со гордост го најавува лансирањето на Vibe Upпрвата едукативна платформа за кариерен раст во Македонија. Оваа платформа е дизајнирана да ја зголеми вработливоста на младите во земјата, обезбедувајќи им релевантни вештини и алатки и знаење, кои ќе ги издвојат на конкурентниот пазар на труд. Нејзината мисија е да ги инспирира и да ги оспособи индивидуите да го достигнат својот кариерен потенцијал и да ги остварат  своите професионални амбиции, а на тој начин и да се создаде квалитетен кадар за компаниите, со што се зајакнува заедницата и економијата.

Платформата има 13 курса за градење професионални вештини, креирани од врвни домашни и меѓународни експерти. Платформата е бесплатна и достапна ексклузивно само за Vibe On корисниците на Шпаркасе Банка.

 Што добиваат младите преку платформата Vibe Up?

  • Неограничен пристап до 13 практични курсеви: Стекнување знаење во различни области.
  • Платформа создадена специјално за млади: Интуитивен и лесен за користење интерфејс.
  • Модерни вештини за пазарот на трудот: Креативност, дизајн размислување и иновација, емоционална интелигенција, невронаука на убедувањето и многу повеќе.
  • Поврзување со ментори и компании: Можност за вмрежување со експерти од различни индустрии.
  • Можност за професионален напредок: Кариерни алатки и совети за градење успешна кариера.
  • Персонализирано искуство и бесплатна поддршка за развој на кариера: Индивидуален пристап и континуирана поддршка.
  • Сертификат за завршен курс

Во ерата на вештачката интелигенција, меките вештини како креативност, емпатија и критичко размислување се клучни за успех. Затоа, платформата нуди курсеви за нивен развој, а младите ќе имаат можност да учат од врвни експерти, да се поврзуваат со ментори и да градат мрежа на контакти, подготвувајќи се за предизвиците на иднината.

„Шпаркасе Банка е препознаена како банка за млади и тоа за нас значи гордост, но и огромна одговорност. Активно вложуваме во иднината на младите и со таа цел во континуитет создаваме проекти со трајни вредности за младите генерации. VIBE UP ќе им овозможи на младите да се стекнат со знаења и вештини и подготвеност да пристапат на пазарот на труд остварувајќи си ги своите кариерни аспирации“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.

VIBE UP платформата за кариерен раст е дел од VIBE ON концептот за млади на Шпаркасе Банка, кој денес нуди низа поволности какви што се финансиска едукација за млади, платформа за кариерен раст, настани и работилници за млади, низа попусти на млади, како и бесплатни банкарски производи што се креирани на начин да ги задоволат специфичните потреби на младите, кои се иматели на VIBE ON пакетот за млади и ја поседуваат портокаловата картичка.