Шпаркасе Банка ја претстави првата и единствена платформа за финансиска
едукација во земјата, VibeOnEdu.mk – револуционерна иницијатива што им
овозможува на младите бесплатно да стекнат финансиско знаење преку
интерактивни онлајн курсеви. Нејзината мисија е да им помогне на младите да ја
изградат својата самодоверба во управувањето со личните и со деловните финансии и
да носат паметни финансиски одлуки во иднина.
Платформата содржи 15 внимателно осмислени курсеви, поделени во два главни
модули: „Научи за себе“ (11 курсеви): покрива теми какви што се буџетирање,
штедење и основи на инвестирање; и „Научи за својот бизнис“ (4 курсеви): вклучува
упатства за изработка на бизнис-план, финансиско планирање и управување со
бизнис-финансии. Секој курс нуди интерактивни лекции, проверка на знаењето преку
квизови и сертификат за успешно завршување, што го прави учењето практично и
мотивациско.
Платформата беше лансирана за време на настанот „Финансиска едукација за млади“
организиран од Шпаркасе Банка, каде што преку два инспиративни панели, врвни
финансиски експерти ги споделија своите искуства и совети за младите, за
менаџирање со личните финансии и за започнување сопствен бизнис. Дополнително,
на настанот беше претставена новата стрип-брошура „Твојот вајб за финансии“ –
практичен водич за секој млад човек што сака да научи како да управува со своите
финансии и да го креира својот пат кон успехот.
„VibeOnEdu.mk ја изразува нашата заложба за поддршка на младите
генерации. Веруваме дека финансиската едукација е основата за
остварување успешни финансиски цели, па затоа создадовме проект што ќе
остави трајни вредности за сите сегашни и идни генерации. Ги охрабруваме
сите млади да ја искористат оваа единствена можност и да го направат
првиот чекор кон подобра финансиска иднина“, изјави Ивана Петревска,
директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.
Платформата е бесплатна, интерактивна и дизајнирана според потребите на младите.
Шпаркасе Банка ги пресретнува потребите на младите луѓе, кои се основата на VibeOn
семејството што брои повеќе од 35.000 млади лица. Во процесот на развивање на
платформата, покрај експертскиот тим на Шпаркасе Банка, беа вклучени повеќе од 250 млади, кои директно придонесоа за нејзиниот визуелен изглед и структура,
обезбедувајќи таа да одговара на реалните потреби на корисниците.
Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка поставува нови стандарди во поддршката за
младите, овозможувајќи долгорочен позитивен ефект врз нивната финансиска
едукација и успех.
Комерцијална објава