Седмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, кој се одржа на 19 јуни оваа година, беше посветен на славењето на женската енергија во винарството. Жените се застапени во сите сегменти – од правење на виното до маркетингот и менаџментот. Организаторите потсетуваат дека има уште простор за унапредување на видливоста на жените во индустријата.
Посетителите имаа можност да дегустираат над 200 видови вино од преку 20 врвни винарии, највеќе од Македонија, и да ја слушнат приказната за создавањето на виното од самите производители. Атмосферата беше дополнета со џез музика, моден натпревар и уникатни деликатесни зала
чиња.