Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 денари/литар, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е В) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14 февруари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,43 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.
Од 22 февруари од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 82,5 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 84,5 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е В) 74 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм)